Бока јуниорс му ја одзеде капитенската лента на Рохо поради – црвен картоБока јуниорс, која пред осум дена го доби „суперкласико“ со Ривер плејт со 1-0 има нови чудни правила кои ги воведе тренерот Хуго Ибара, кои за многумина во Аргентина, не се баш логични и се бизарни.
Сите знаат дека во дербијата во Аргентина летаат црвени картони и дека темпераментните мечеви не може да минат без тензии, ама навивачите пред сѐ сакаат да видат дека фудбалерите го оставиле срцето на терен, па макар и предвреме го завршиле мечот.
И иако Бока јуниорс го победи Ривер, а екс-репрезентативецот на „гаучосите“ Маркос Рохо беше исклучен, на крај досегашниот капитен на Бока остана без лентата под казна за исклучувањето. Тоа е едно од правилата на тренерот Ибара, дека секој што ќе добие црвен картон и ќе ги остави соиграчите на цедило – мора да биде казнет.
Бидејќи Рохо бил капитен и требало да биде пример, тој доби казна еден месец да не е капитен. Ама, на дефанзивецот казната воопшто не го погоди, зашто целта на мечот беше исполнета – да се победи најлутиот ривал.
„Не сум вознемирен поради тоа. Не ме погоди казната. Битно беше да победиме, тоа е големо дерби, секогаш е така и секогаш е повеќе од еден обичен фудбалски меч“, рече Рохо.
Рохо е поранешен фудбалер на Манчестер јунајтед каде играше шест години пред да се врати во Бока во јануари.