Маестралниот натпревар на македонскиот фудбалски дијамант Елиф Елмас не остана незабележан од очите на големите европски клубови. Така денес италијанскиот Туто Меркато Веб пишува дека цената на Македонецот расте секоја наредна партија и дека Реал Мадрид, Барса и неколку германски гиганти се заинтересирани да го доведат во своите редови.

Еве што напиша Туто Меркато Веб:

Настапот на Македонецот не остана незабележан. И не само од домашните љубители на фудбалот каде што стана почесен народен херој. Но и од странски менаџери затоа што Елмас веќе некое време, дури и во Неапол, го следат неколку врвни клубови. Гигантите од Шпанија го следеа уште пред да слета во Италија, а неговото доаѓање во Наполи го одобри Карло Анчелоти со својот штаб. Сега Реал Мадрид внимателно го следи, но настапот на Елмас ќе беше следен со интерес и од големи германски клубови, а исто така и од новата Барса на Чави. Ова оди и во прилог на Наполи кој има сè поскапоцен камен кај себе.