Легендарниот Гоче замина во репрезентативна пензија по настапот на ЕВРО 2020 во јуни, но навивачите се (по)надеваа дека тој би можел да се врати во жолто-црвениот дрес на последните дуели на патот кон Мундијалот.
„Враќање во репрезентацијата нема да се случи. Доста беше. Македонија има многу млади и талентирани фудбалери и со цело срце ќе навивам за нив на претстојните натпревари“, изјави Пандев за Фокус.
Колку и да делува разочарувачки, овој став на фудбалерот на Џенова речиси сигурно ќе остане до одигрување на баражот, во кој 12 селекции ќе бидат поделени во три групи во кое ќе се игра според принципот полуфинале-финале.