Фудбалската репрезентација на ДР Конго е вториот полуфиналист на Купот на Африканските нации.Во второто четвртфинале, Конгоанците со пресврт успеаја да дојдат до победа од 3:1 против селекцијата на Гвинеја.

Гвинеја одлично го започна натпреварот и со голот на Мохамед Бајо од пенал во 20. минута (ВИДЕО) дојде до водство. Сепак, во завршницата на првото полувреме, Конго успеа да израмни. Реализатор беше Мбемба во 27. минута (ВИДЕО).

Во вториот дел од мечот, Виса успеа да донесе целосен пресврт, откако го реализираше пеналот за ДР Конго во 65. минута (ВИДЕО). Победата и пласманот во полуфиналето ги осигура Масуаку со гол во 82. минута (ВИДЕО).

Во полуфинлето, селекцијата на ДР Конго го чека подобриот од дуелот меѓу домаќинот Брег на слонова коска и селекцијата на Мали.