„Дејли Мејл“ објави дека на сослушувањето било соопштено дека Менди силувал жени во заклучени соби во богата вила.
Менди го искористил богатството и славата за да ги натера да дојдат во неговиот дом, по што ги заклучувал и ги силувал, откако дел од нив одбивале да имаат секс со него.
Две жени во полиција кажале дека ги силувал Менди и негов пријател, кој ги пронаоѓал жртвите.
„Менди е предатор кој не им давал шанса на жртвите“, кажал државниот обвинител.