Карим Бензема најмногу голови и асистенции во шпанскиот фудбал има постигнато против Барселона. Напаѓачот на Реал Мадрид постигна хет – трик и имаше асистенција во натпреварот од Купот на Шпанија (0-4) против големиот ривал.

Французинот на мечевите против Барселона има постигнато 16 гола и забележано девет асистенции. Бензема има 24 бода по системот „гол + додавање“ од средбите со Атлетик Билбао, 22 – против Валенсија.