Реал Мадрид ја декласира Барселона со 4-0 во реваншот од полуфиналето на Купот на Кралот и се пласира во финалето. Првиот гол беше постигнат во последните секунди од првото полувреме, а другите три дојдоа по паузата.
Сепак, дуелот можеше да се развие на сосема поинаков начин поради контроверзната ситуација на самиот почеток. Во третата минута, нафрли Гави, топката удри во раката на дефанзивецот на „белите“ Давид Алаба, кој беше во шеснаесетникот. Сепак, судијата Хуан Мартинез Мунуера одлучи дека тоа не треба да биде пенал.
Каталонците се бесни поради недосудениот удар од белата точка и потенцијален гол би ги довел до вкупни 2-0 во раната фаза од реваншот.
Според поранешниот шпански судија Едуардо Итуралде Гонзалес, судијата донел правилна одлука во овој случај. Тој објасни дека во оваа ситуација топката удира во потпорната рака на Алаба, кој паѓа на земја. Ако ударот беше во другата рака, требаше да биде досуден пенал.
⚠️Selon Eduardo Iturralde González (ancien arbitre), il n’y avait pas penalty sur la main d'Alaba:
— 100% Liga (@FoudeLiga) April 5, 2023
👉"Ce n’est pas un penalty, c'est la main d'appui".
👉"Si c'était l'autre main, ce serait un penalty."#ElClasico | #CopaDelRey
pic.twitter.com/pIzENXMCy1