Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, струмичанецот Горан Пандев, денеска и официјално објави заминување во играчка пензија и тоа со одиграни 662 натпревари и постигнати 147 голови во дресовите на Беласица, Специја, Анкона, Лацио, Интер, Наполи, Галатасарај, Џенова и Парма.

Тој од 2001 година настапуваше за Македонија, во чиј дрес постигна 39 погодоци, меѓу кои вечно ќе се памети погодокот за триумф на гости кај Грузија, за историскиот пласман на Еуро 2020.

 

На клупско ниво, најмногу голови постигна во дресот на Лацио и тоа 64 голови, за Џенова постигна 32 гола, за Наполи 22 пати ја затресе мрежата, додека во дресот на Интер, со кој се искачи на кровот на Европа, погоди осум пати исто колку и за Беласица на почетокот на кариерата. За Галтасарај погоди седум пати, за Специја четири, додека за Парма и Анкона по еднаш.