Синот на Диего Симеоне кој игра за екипата на Верона, постана легенда во калчо лигата со голот што го постигна против Џенова.

Верона успеа да стави крај на лошото издание во Серија А, ја совлада Џенова со 1-0 во рамките на 33. коло во овој шампионат. Во центарот на вниманието се најде Џовани Симеоне, тој со гол во 5. минута донесе водство на својот тим, на крајот ова беше и конечниот резултат.

Напаѓачот на Верона познат по прекарот Ел Чолито, синот на Диего Симеоне,  вечерва влезе во легендите како најефикасен Аргентинец во Европа. Оваа сезона има 16 гола и три асистенции, остварување кое му успеало само на Лука Тони.