На натпреварот од англискиот Чемпионшип помеѓу Нотингем Форест и ВБА  гледачите го видоа веројатно најубавиот гол на колото а можеби и на целата сезона.Имало и ќе има убаво постигнати голови во сите конкуренции, но она што го направи играчот на Нотингем Џек Колбек на дуелот против ВБА  е вистинско ремек дело.

Тој погоди за 3:0 во победата од 4:0, а погодокот навистина не може да се опише туку може само да се погледне. И тоа неколку пати…Феноменален, спектакуларен гол кој не се гледа така често, фудбалско совршенство.

Нотингем Форест со оваа победа со крупни чекори се приближува кон место во баражот за влез во Премиер лига.