Манчестер Јунајтед и Челзи одиграа 1-1 на „Олд Трафорд“ во дербито во кое гостите беа многу подобар ривал. Сепак, не успеаја да победат, пред се поради одличниот Давид де Хеа и Каи Хаверц кој не искористи неколку одлични шанси.
Маркос Алонсо го потвори резултатот во 60.минута, но само две минути подоцна возврати Кристијано Роналдо. Тоа беше прв гол за Португалецот во Премиер – лигата против Челзи воопшто.
Лондонци со овој бод остануваат сигурни на третата позиција со 66 бодови, шест повеќе од Арсенал и осум од Тотнем, кој е прв под линијата што означува пласман во европската елита. Јунајтед, пак, оостанува шести со 55 бодови, но и со два меча повеќе во однос на главните конкуренти за нависок пласман.