Ајнтрахт Франкфурт на социјалните мрежи се пофали со огромната поддршка од илјадници фанови. Германскиот клуб игра во полуфиналето на Лига Европа во Вест Хем во Лондон, а на островот заминаа илјадници симпатизери на Ајнтрахт.

„Најдобрите навивачи на светот“, гласи насловот на објавата на Твитер профилот на германскиот клуб.

Голема група навивачи на Ајнтрахт се упатија кон стадионот на Вест Хем пред пробата. На овој начин Германците ја повторија доминацијата од Барселона пред две недели. Тогаш Ајнтрахт ја исфрли Барселона на Ноу Камп пред околу 30.000 свои навивачи, кои целосно ги надвикаа немоќните домаќини.