Српскиот гигант Партизан нема да може да регистрира нови засилувања во следните три преодни рока, откако доби жестока казна од Светската фудбалска федерација (ФИФА), што значи дека до 2024 година теоретски би требале да играат со сегашниот состав.
Причина за драстичната казна се неисполнетите обврски околу трансферот на Филип Холандер, односно неисплатената отштета за швајцарски Лугано. Доброто за црно-белите е што казната ќе биде укината во моментот кога ќе бидат исплатени сите долгувања по оваа основа.
Со сличен проблем се соочи и македонскиот гигант Вардар во 2019 година, кога беше казнет со забрана за регистрација на нови фудбалери во два преодни рока, поради трансферот од Максим Максимов од литванскиот тим Тракаи.