Со тоа тој е само третиот фудбалер во 21 век кој што ја преминал границата од 600 голови во својата кариера, покрај него тоа се само Лео Меси и Кристијано Роналдо.
Секако дека ова е голем успех за Левандовски кој откако дојде ова лето во Барса не престанува да ги „решета“ противничките мрежи.
Тој на 14 натпревари сезонава успеа да постигне 16 голови во сите натпреварувања оваа сезона.
Левандовски во Баерн постигна 344 голови, за Борусија Дортмунд 103, претходно за тимот на Знич 21 и 41 за Лех Познањ, и заедно со оние 76 за репрезентацијата на Полска се доаѓа до бројката од 601 гол во кариерата.