Играчот од средниот ред на Валенсија, Карлос Солер, би можел да ја продолжи кариерата во италијанската Серија А, пренесува „Марка“. Наполи го следи играчот за кого се заинтересирани и Барселона и Атлетико Мадрид.
Солер сезонава учествуваше на 38 натпревари од првенството и Купот на Шпанија, при што постигна 12 гола за Валенсија и забележа пет асистенции.
Договорот меѓу Солер и Валенсија истекува на крајот на јуни 2023 година.