Уругваецот Дарвин Нуњес, напаѓачот од Ливерпул постигна атрактивен гол со пета на натпреварот против Реал Мадрид, но синоќа еден друг Нуњес, Чилеанецот Марселино од Норвич, даде уште поубав гол кој треба да го  погледнете.

Канаринците на меч од Чемпионшип го победија Бирмингам со 3-1, а погодокот на Нуњез е неверојатен. Топката идеално „му легна“, и надвор од шеснаесетникот со прекрасен волеј ја испрати во мрежата, каде што голманот немаше шанси да ја одбрани.

ТУКА погледнете го супер голот со волеј на Марселино Нуњес, кој сигурно ќе биде кандидат за гол на сезоната во Англија.