Барселона стигна до првата победа во Ла Лига оваа сезона откако на „Монжуик“ го совлада Кадиз со 2-0.
Актуелниот шпански првак Барселона 80 минути се мачеше да дојде до гол против Кадиз вечерва, но на крај успеа да ја запише првата сезонска победа со два гола во финишот од натпреварот, откако минатата недела тргнаа во одбрана на титулата со неубедливо реми без голови против Хетафе.
Педри и Феран Торес ја обезбедија победата, но клучна беше 82-та минута кога Педри на додавање на Илкај Гундоган го скрши Кадиз и ја донесе Барселона пред триумф, за Феран во судиското надополнување и тоа во четвртата од седумте минути, погоди вторпат и ја запечати победата.
Барса по две кола во новата сезона има четири бода, додека Кадиз остана на еден триумф и три бода, воведниот со Алавез со 1-0, но гостите може да жалат што загубија, зашто имаа низа шанси во клучни периоди да дадат гол и да го свртат мечот во поинаков тек.
https://twitter.com/livvbedumb/status/1693343579874197566?s=20
https://twitter.com/lewyball/status/1693344441267060851?s=20