Шпанскиот гигант Барселона во оваа сезона користи многу играчи од својата школа Ла Масија, поточно има фудбалери кои во моментов се ставаат на располагање и на првата екипа, но и во категоријата во која реално припаѓаат, и настапуваат со оглед на возраста.
Еден од тие фудбалери кои во актуелнава сезона веќе дебитираше за првиот тим и даде гол на дебито е Марк Гију кој стрелаше против Атлетик Билбао, а потоа погоди и во дуелот со Антверпен во Лигата на шампиони.
Напаѓачот кој има 18 години игра и за Барса Б каде вчера даде еден навистина мајсторски, атрактивен гол со кој го привлече вниманието. Во стилот на Златан Ибрахимовиќ погоди со пета и го потврди триумфот на својот тим против Рајо Махадаонда.