Абердин во саботата одигра 2:2 во дуелот со Хибернијан во шкотското фудбалско првенство, а менаџерот Нил Ворнок смета дека неговиот тим не добил чист пенал по стартот на гостинскиот голман над Бојан Миовски.
– Да бидам искрен, тоа беше обид за убиство. Бојан прв дојде до топката. Маршал ја закачи, но потоа го нокаутираше Миовски.
Некој што го разбира фудбалот веднаш би покажал на белата точка, но нашиот проблем е што правдата ја делат судии кои никогаш не играле фудбал. Ако беше на друг дел од теренот, ќе беше старт за жолт картон, навистина сум збунет.
– Не знам што и каде гледаат, на претходниот натпревар ни направија нешто слично со офсајдот. Миовски дефинитивно прв дојде до топката, а потоа заработи и сериозен удар, – изјавил лутиот Ворнок.