Екипите на Барселона и ПСЖ со солидна предност ќе патуваат на реваншот и кон полуфинале во ЛШ. Барса оствари убедлива победа над милионерите од Дортмунд од 4-0, додека парижаните со пресврт триумфираа над Астон Вила со 3:1.
„Милионерите“ не беа дораснат ривал за машинеријата на Ханси Флик, па можат дури и да бидат задоволни што не претрпеа уште поголем дебакл, па резултатот од 4:0 е реален.
Во 25 минута Фермин изведе слободен удар, Мартинез топката со глава ја врати на пеналтикот а Кубарси беше најприсебен и ја испрати во мрежата на Кобел, но Рафиња ја стигна на самата гол линија и само го потврди голот.
Во вториот дел на сцена стапи Роберт Левандовски, кој докажува дека е машина за голови.
Полјакот двапати го матираше Кобел за предност од 3:0. Првиот гол го постигна во 48 минута, Јамал нафрли до Рафиња кој со глава ја врати до Левандовски а овој ја закова под пречката.
Во 66 минута, Јамал испрати долга топка до Лопез кој одлично го проигра Левандовски а тој уште еднаш го совлада голманот на Дортмунд. Точка на победата стави бисерот на Барса по еден контранапад во 77 минута. Левандовски го проигра Рафиња кој асистираше до Јамал, а младиот напаѓач со извонреден потег ја затресе мрежата на Борусија.
Само головите на Барселона може да ги погледнете ОВДЕ.