Тимот на Вест Хем со 2:0 го совлада Борнмут во последниот меч од 13. коло на Премиер лигата, победа која ги искачи на 10-тото место на табелата. Курт Зума го отвори резултатот со голот во 45 минута, а победата ја потврди Бенрахма од пенал во втората минута од судиското продолжение на мечот.

Борнмут го впиша петтиот пораз сезонава, а втор по ред, и со 13 освоени бодови е на 14. позиција.