Фудбалерите на Вилјареал остануваат во трка за пласман во топ-4 во Ла Лига, откако вечерва без милост го наполнија голот на Атлетико Билбао (5-1).
Баена беше стрелец на првиот гол на „жолтата подморница“, по што водството го зголеми Џексон во 37. минута, но набрзо гостите преку пенал во судиското надополнување намалија на 1-2.
Џексон во 50. минута погоди за 3-1 и така Вилјареал направи чекор напред кон трите бода, а автоголот си постигна Паредес во 61. минута.
Последниот гол на Вилјареал го постигна Баена на истекот на регуларните 90 минути и така го приближи неговиот тим на пет бода од четвртопласираниот Реал Сосиедад.