Реал Мадрид оствари минимална победа (1-0) над Хетафе иако тренерот Карло Анчелоти одмори дел од фудбалерите за реваншот против Манчестер Сити во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Марко Асенсио беше творец на победата за “кралевите”. Тој во 70.минута го постигна единствениот гол на овој натпревар.
По овој триумф, Реал Мадрид има 11 бода негатива во однос на лидерот Барселона.