Фудбалерите на Интер продолжуваат со победите, и по одличниот настап во ЛШ против Милан, го победија и Сасуоло на домашен терен со 4-2. Со тоа “нероаѕурите” направија уште еден чекор напред за нов пласман во елитното европско натпреварување.
Ромелу Лукаку го отвори резултатот, а на почетокот на вториот дел Руан си даде автогол. Лаутаро Мартинез беше стрелец на третиот гол за Интер, а потоа Сасуоло возврати со два гола, преку Матеус Енрике и Фратези.
Триумфот на Интер го потврди Лукаку со својот втор гол, за конечни 4-2.