ПСЖ рутински го заврши натпреварот со Ајачио, торпедирајќи го ривалот со пет гола во противничката мрежа. Аплаузите беа наменети за Килијан Мбапе, а свирежите вечерва беа насочени кон Лионел Меси.
Во првиот дел, ПСЖ водеше 2:0 со головите на Руиз и Хакими, додека на стартот на вториот дел до израз дојде Килијан Мбапе. Фантастичниот голгетер со доста среќа погоди за 3:0, но четвртиот гол на натпреварот беше вистинско ремек-дело.
Серхио Рамос испрати добар пас од својата половина, играчот на Ајачио реагираше, но топката заврши на ногата на Мбапе кој испрати неодбранлив волеј во мрежата на гостинскиот голман.
По голот за 4:0, Ајачио си постигна и автогол преку Јусуф за „петарда“ на „Паркот на принцовите“, а натпреварот не го доиграа Хакими и Мангани кои заработија директни црвени картони поради клинч на теренот.