Неверојатен момент во најдобрата бразилска лига се случи на дуелот меѓу Флуминенсе и Ботафого, ова не е видено ниту во најслабите лиги во светот.
При водство на Ботафого од 3-2, во 52. минута еден нивни фудбалер се жалеше на повреда, беше надвор од теренот. Негов соиграч го фати и повлече внатре со цел да задржува време. Голманот на Флуминенсе го врати назад надвор од теренот, па резервен фудбалер на гостите пак го повлече на внатре…