Барселона не застанува и продолжува да „игра“ агресивно на трансфер маркетот. Само еден ден откако потпиша со Рафиња и го објави продолжувањето на соработката со Осман Дембеле, има нова причина за радост за навивачите на каталонскиот гигант.

Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, стоперот на Севилја, Жил Кунде ги договорил личните услови со Барселона. Сега останува потешкиот дел, Барселона да се договори со Севилја, имајќи предвид дека 23-годишниот парижанец има уште две години договор со Андалузијците, па ќе треба да се одвојат најмалку 60 милиони евра за Кунде да дојде на „Камп Ноу“.

Покрај ова, во Барселона се очекува и доаѓањето на Роберт Левандовски.