„Ѓаволите“ притиснати од нивниот нов тренер Ерик Тен Хаг се обидуваат да го ангажираат Френки Де Јонг кој е приоритетна трансфер цел на холандскиот стратег.
По неколкунеделни преговори конечно бил постигнат договор според кој Манчестер Јунајтед на Барселона ќе и исплати сума од 75 милиони евра плус десет милиони евра изразени во бонуси.
Од Барселона веќе го информирале играчот дека се подготвени да го продадат и дека ќе притискаат за такво нешто.Сепак, Де Јонг одбивал да се пресели на „Олд Трафорд“ и неговата намера уште од првиот ден на преговорите била тој да остане во Барселона и да игра во тимот на Чави Ернандез.