Сенегалскиот репрезентативец Калиду Кулибали потпишал договор со Челси, откако претходно успешно ги поминал медицинските прегледи, објави познатиот спортски новинар Фабрицио Романо.

Челси наскоро ќе објави официјално соопштение во кое ќе го потврди второто засилување за тренерот Томас Тухел во новата сезона, а трансферот ќе чини 40 милиони евра.

Тухел претходно го доби Рахим Стерлинг од Манчестер сити, а Челси не мисли тука да застане и наскоро ќе тргне по уште неколку фудбалери, додека на листата со желби се наоѓаат Нејтан Аке и Преснел Кимпембе.