Пред неколку дена, каталонски “Sport” напиша дека Барселона може да доведе нови играчи оваа зима.
Особено беа истакнати две имиња, Дани Олмо и sвездата на Манчестер Сити, Рахим Стерлинг.
Во август, Барселона се обиде да го донесе и Стерлинг, но Сити ја одби понудата. Каталонскиот весник тврди дека англискиот репрезентативец сака да дојде во Барселона.
“Контактите меѓу Барселона и Стерлинг траат со недели. Фудбалерот сака да го напушти Сити и му се допаѓа идејата да биде новиот предводник на нападот на Барселона”, напиша “Sport”за 26-годишниот напаѓач кој се наоѓа во сенка на другите напаѓачи во Сити оваа сезона.
Мирор ја носи веста дека преговорите отишле чекор понапред. Барселона наводно го контактирала Стерлинг за да го доведе на позајмица уште во јануари, а англискиот играч се согласи со понудените услови.
Откако се ослободи од платите на Меси и Гризман, кои заедно заработуваа околу милион евра неделно, Барса е во состојба, според The Mirror, да му понуди на Сити да покрие барем дел од платата на Стерлинг.