Атлетико Мадрид оствари минимална победа (0-1) на гости против Мајорка и направи уште еден чекор кон пласманот во ЛШ. Тимот на Диего Симеоне сега има 67 бода, шест повеќе од петтопласираниот Атлетик Билбао на четири кола до крајот на шампионатот во Ла Лига.
Мајорка е шеснаесетта на табелата со 32 бода и уште не може „мирно да спие“, бидејќи има шест бода повеќе од Кадиз, кој е прв под линијата за испаѓање.
Натпреварот беше решен уште во петтата минута. Тогаш Родриго Рикелме направи брилијантен потег, ја прими топката на дваесет метри од голот, исфрли двајца противнички играчи, и погоди во долниот десен агол, зад немоќниот Предраг. Рајковиќ.
Тоа на крајот беше и конечен епилог на овој дуел.