Македонскиот фудбалски интернационалец Љупчо Дориев го одлучи натпреварот за победа на неговата Согдиана во големото дерби на Узбекистан.
Лидерот без пораз Андијан го пречека тимот на Согдиана пред својата публика, но доживеа минимален пораз од 0-1. Единствениот гол на дуелот го постигна Дориев и тоа на ефектен начин, со шут од далечина.
За Дориев ова беше втор гол во узбекистанскиот шампионат оваа сезона.