Фудбалерите на мароканскиот Рапида Оуед Земе синоќа загубија многу важен натпревар во борбата за опстанок против Агадир и тоа на неверојатен начин. Гостите водеа со 1:0, а домаќините притискаа на крајот за да постигнат гол и успеаја, но во сопствениот гол.

Тешко е да се сфати што точно сакаше да направи Уаја бидејќи можеше да ја исфрли топката право во аут, но тој го избра најтешкото можно решение и на тој начин го запечати поразот на својот тим. Рапиде Оуед Зема и натаму е последен на табелата, а во 16 кола постигна само пет гола.

Standings provided by SofaScore LiveScore