Кристијано Роналдо влезе во светската историја и стана најдобриот стрелец на сите времиња на репрезентативен план, откако вечерва со два гола, прво на минута пред крајот, а потоа во 97-та минута и донесе невиден пресврт на Португалија против Р. Ирска (2-1) и стигна до 111-гола во дресот на „европските Бразилци“ во 180 меча.

Близу беше Португалија до голем шок откако Роналдо промаши пенал во 15-та минута, по што Џон Еган ги казни во последната минута од првиот дел за водство на Р. Ирска, која не успеа да додржи за да направи голема сензација, па Португалија дури од 21-от шут, после тотална доминација и 13 корнери, преку својата најголема ѕвезда успеа да стигне израмни, а потоа и со втор гол да донесе голема победа за прво место.

За Роналдо со овие два гола сега дојде до 111 погодоци во националниот дрес и со тоа го надмина Али Даеи, иранската легенда, со која досега беа израмнети после Еуро 2020, со по 109 гола. Роналдо погоди во 89-та минута на асистенција на Гонсало Гуедеш, со кој гол го урна светскиот рекорд.

Франција не успеа да ја победи БиХ на домашен терен откако и „триколорите“ како и Португалија ремизираа 1-1, во меч на кој гостите поведоа со гол на Един Џеко, а израмни пред полувремето Ентоан Гризман, па брзо во вториот дел Франција остана со десетмина поради исклучувањето на Жил Кунде, но ниту тие запнаа за победа, ниту Босанците го искористија играчот повеќе за првокласна сензација.

Црна Гора успеа да го шокира Истанбул со ремито 2-2 против Турција, откако домаќините имаа 2-0 после само пола час, но Радуновиќ во 97-та минута постигна фантастичен гол за да ја замолкне „Водафон Арена“ и да ја казни Турција за многуте промашени шанси со кои можеше да стигне до уште поубедлива победа.

ГРУПА А: Португалија – Р. Ирска 2-1, Луксембург – Азербејџан 2-1, Србија слободна

ТАБЕЛА: Португалија 10, Србија 7, Луксембург 6, Р. Ирска 0, Азербејџан 0

ГРУПА Д: Казахстан – Украина 2-2, Франција – БиХ 1-1, Финска слободна

ТАБЕЛА: Франција 8, Украина 4, Финска 2, БиХ 2, Казахстан 2

ГРУПА Ф: Данска – Шкотска 2-0, Фарски Острови – Израел 0-4, Молдавија – Австрија во тек

ТАБЕЛА: Данска 12, Израел 7, Австрија 4 (-1), Шкотска 5, Ф. Острови 1. Молдавија 1

ГРУПА Г: Турција – Црна Гора 2-2, Норвешка – Холандија 1-1, Летонија – Гибралтар 3-1

ТАБЕЛА: Турција 8, Холандија 7, Норвешка 7, Црна Гора 6, Летонија 4, Гибралтар 0

ГРУПА Х: Русија – Хрватска 0-0, Словенија – Словачка 1-1, Малта – Кипар 3-0

ТАБЕЛА: Хрватска 7, Русија 7, Словачка 6, Словенија 4, Малта 4, Кипар 4