Македонската репрезентација како второпласирана во групата ја пречекува Ерменија во септемврискиот прозорец од квалификациите за светското првенство во Катар.
Ерменците се лидер на табелата со 3 победи од 3 натпревари и самоуверено влегуваат во овој натпревар. Најавите од ерменскиот табор се дека тимот очекува четврта победа во овој квалификациски циклус.
Сега Македонија без капитенот Горан Пандев и со стратегија која ќе ја наметне новиот селектор Благоја Милевски е со императив да дојде до третата победа едноподруго по таа над Лихтејштајн и Германија. Во нашиот состав има неколку промени од тимот што беше на последното Европско Првенство. Покрај Пандев, ќе го нема и Тричковски, Велковски и секако селекторот Ангеловски. Ова ќе биде шанса на останатите да продолжат со успешните резултати и да го повторат успехот кој го оствари оваа генерација фудбалери.
Пласманот на Европското првенство беше голем подвиг, но репрезентативците не сакаат да застанат тука. Нивна цел е обезбедување место на Светското првенство кое ќе се одржи наредното лето. За да се направи чекор кон остварување на оваа амбиција, репрезентацијата не смее да си дозволи лош резултат на денешниот дуел на домашен терен.
Против Ерменците сме играле многу пати во последните години. На последните три меча два пати бевме подобри а еднаш ремизиравме, па се надеваме дека и вечевра ќе го освоиме целиот плен. Секако задачата не е лесна, бидејќи Ерменија игра во добра форма.
Натпреварот меѓу Македонија и Ерменија се игра на „Тодор Проески“ со почеток од 20:45 часот и пренос на СпортКлуб2.