Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски уште еднаш покажа дека е врвен стрелец во првенството на Шкотска, откако постигна гол во триумфот од 2-0 на Абердин против шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс.

Нашиот интернационалец постигна убав гол со удар со глава во 57.минута, откако претходно неговиот соиграч Лијам Скејлс го отвори резултатот.

Абердин се наоѓа на третата позиција на табелата во првенството на Шкотска со 53 бода, а Глазгов Ренџерс е место погоре со 79. Селтик е убедлив на врвот на табелата.