Фудбалерите на Белгија на домашен терен ја победи Србија (1-0) во контролен натпревар кој двете репрезентации го играа во слободниот термин.
Натпреварот беше решен со еден гол, кој падна по фатална грешка на дефанзивците на Србија. Во втората минута, голманот Рајковиќ стигна до топката пред Опенда по едно лошо додавање на Павловиќ, но таа заврши до Караско кој ја смести во празната мрежа.
Во продолжението од дуелот Белгија напаѓаше, но не успеа да постигне втор гол, а Србите, на двапати ги стресоа рамките на голот на „црвените ѓаволи“, еднаш тоа го направи Митровиќ, а вториот пат во 89. минута стативата ја затресе Ѓуричиќ.
Пресметката се играше во Левен, пред празни трибини. Белгија ја очекува дуел со Азербејџан за потврда на првото место во квалификациската група, додека Србија игра натпревар на одлука со Бугарија.