Селекцијата на Јужна Кореја со 5-0 го победи Сингапур во првото коло од азиските квалификации за СП, а најубавиот гол на натпреварот беше дело на главната ѕвезда, Сон од Тотенхем.
Јужна Кореја имаше перфектен почеток на новите квалификации. Сон постигна еден гол во победата над Сингапур од 5-0, а тој беше најубавиот.
Фудбалерот на Тотенхем со фантастичен удар од далечина ја затресе противничката мрежа.