Атлетико Мадрид го растури Рајо Валјекано во мадридската пресметка на „Валјекас“. Македонскиот репрезентативен голман прими седум гола од Ентоан Гризман и другарите, кои за едно полувреме го решија прашањето за победникот (7-0).
Саул Нигез и Родриго Де Пол запишаа по две асистенции, шест различни фудбалери на Атлетико се запишаа во листата на стрелци. Алваро Мората постигна два гола за убедлив триумф против Рајо. Домаќинот го загуби натпреварот после само 16 минути игра кога бившиот шампион набрзина даде два гола.
Гризман по две минути ја отвори серијата, Мемфис Депај го дуплираше водството во 16-та, а Нахуел Молина во 36-та донесе убедливи 3-0 во првиот дел, но Атлетико не застана ни во вториот.
Прво Алваро Мората во 73-та срелаше за четврти гол, па Анхел Кореа петти во 79-та, за Мората во 84-та да погоди шести пат, а две минути потоа Маркос Љоренте даде и седми гол.
Димитриевски во воведните два меча имаше две чисти мрежи, но Атлетико го наполни денеска на првиот домашен меч на Рајо, па за црвено-белите ова е втор триумф и сега имаат седум бода на делба на второто место со Барса и Жирона, а Реал со максимални девет е лидер.
Рајо со првиот пораз остана на шест и е осмопласиран.