Екипата на Ал Хилал беше подобра во дербито со Ал Итихад со 3-1 и обезбеди полуфинале во Арапскиот куп, а натпреварот по добро нема да го памети Карим Бензема кој промаши пенал.
Сергеј Милинковиќ-Савиќ во 14. минута донесе водство за Ал Хилал, додека Ал Давсари од пенал во судиското надополнување на првото полувреме зголеми на 2-0.
Ромарињо ја врати неизвесноста во дуелот, откако во 56. минута погоди за 1-2, но само 14 минути подоцна Малком стрелаше за предност од 3-1 на Ал Хилал.
Ал Итихад не се предаваше и имаше уште неколку шанси до крајот на мечот, а најголемата ја пропушти Бензема, кој во 79. минута не реализира пенал.
Ал Хилал во полуфинале ќе игра против победникот меѓу Ал Шабаб и Ал Вахда.