Барселона му платила на Атлетико (М) 15 милиони евра во 2019 година како аванс за трансфер на Хозе Хименез, но играчот не стана играч на Каталонците. Ова го покажа финансискиот извештај од внатрешната контрола на клубот за време на работењето на претседателот Хосеп Бартомеу.

Во 2019 година, Барса сакаше да го ангажира дефанзивецот Матијс де Лихт, но одби да ја плати провизијата од 20 милиони евра за неговиот агент Мино Раиола. После тоа, клубот го сврте вниманието кон Хименез, кој беше алтернативна опција. Барса му платила на Атлетико 15 милиони евра за да го гарантира трансферот на Хименез во иднина. Договорот вклучуваше и можност за потпишување на уште еден играч на Атлетико во случај на повреда на Хозе.

На крајот, трансферот поради финансиските тешкотии на Барселона пропадна, а во ветер беа фрлени оние 15 милиони кои легнале во касата на „јорганџиите“.