Севилја по изведување на пенали имаше повеќе среќа и ја совлада Рома и остана непоразена во финалињата на Лига Европа, додека португалскиот тренер Жозе Мурињо го доживеа првиот неуспех.

Рома го диктираше темпото во првото полувреме, а до гол стигна во 35. минута преку Пауло Дибала, кој доби одлична асистенција од Џанлука Манчини.

Севилја почна да се буди во вторите 45 минути и веднаш притисна кон голот на Римјаните, а несреќниот Манчини си постигна автогол и ја врати екипата од Андалузија во трка за титулата.

Двете екипи се надмудруваа до крајот на регуларните 90 минути, во кои мрежите останаа да мируваат, а така беше и по дополнителните 30 минути, па победникот се решаваше со изведување на пенали.

Окампос прв го матира Патрисио, додека Кристанте погоди за „Волчицата“ во првата серија од пенал-рулетот, по што следеше нов погодок на Ламела, но и промашување на Манчини. Од белата точка сигурен беше и Ракитиќ, по што Ибањез повторно утна и ја стави Рома во лоша позиција, а судбината на екипата од Рим ја запечати Монтиел.

Екипата од Андалузија претходно го освои пехарот во 2006, 2007, 2014, 2015, 2016 и 2020 година.

https://twitter.com/EuropaLeague/status/1664036558654128128?s=20