Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар се најдоа во Топ 10 листата на најплатени спортисти за 2022 година според изданието на „Форбс“.

Лео Меси ужива во неверојатна година на теренот и ги жнее плодовите на успехот. Според „Форбс“, Лео е тој кој заработи најмногу во изминатата година. Аргентинецот ја надмина кошаркарската легенда Леброн Џејмс со заработка од 108 милиони фунти.

Во Пари Сен Жермен, Меси заработува 1,2 милиони евра неделно и има договори со Адидас, Бадвајзер, ПепсиКо и Хард Рок Интернешнл од кои Аргентинецот заработи 45 милиони евра надвор од теренот.

Вечниот ривал на Меси, Кристијано Роналдо, го мина најтешкиот период во кариерата. Платите му беа намалени откако Манчестер Јунајтед не успеа да се пласира во Лигата на шампионите на крајот од минатата сезона, а клубот му го раскина договорот оваа сезона. И покрај намалувањето на платата и недостатокот на спортски достигнувања во 2022 година, Кристијано Роналдо заработи неверојатни 96 милиони фунти. Спонзорските договори со Nike, Herbalife и Clear Shampoo, како и неговото лудило на Инстаграм, му помогнаа да заработи 46 милиони фунти надвор од теренот.

Леброн Џејмс во изминатата година заработи 101 милиони фунти, Нејмар 79 милиони фунти, а Стивен Кари 77 милиони фунти. Тоа е петорката најплатени спортисти за 2022 година.

Кошаркарот Кевин Дурент (77 милиони фунти), тениската легенда Роџер Федерер (75 милиони фунти), мексиканскиот боксер Канело Алварез (75 милиони фунти), иконата на американскиот фудбал Том Брејди (70 милиони фунти) и грчкиот кошаркар Јанис Адетокунпо (67 милиони фунти) го заокружуваат врвот на ТОП 10 листата според „Форбс“.