Барселона пропушти шанса повторно сама да ја дочека 2023 година на лидерската позиција со предност пред најголемиот ривал Реал Мадрид. Еспањол попладнево ја сопна Барса (1-1) во каталонската пресметка на која имаше ист број на голови и на црвени картони.
Барса и Реал Мадрид ќе влезат во новата 2023 година во мртва трка, со исто бодовно салдо и Каталонците се само лидери поради подобрата гол-разлика во моментов, а 17 минути ја делеше Барса до победа, но Жоселу погоди од пенал за бод за Еспањол.
Маркос Алонсо даде гол уште по седум минути по асистенција на Андрес Кристенсен, но залудни им беа 77-те отсто посед, 20-те шутеви кон гол од кои шест во рамките од голот, кога не победија. Еспањол имаше подредена улога, но дојде во шанса за бод и ја зграпчи. Откако Жоселу израмни во бурниот меч со 15 жолти картони, прво Жорди Алба предвреме го заврши мечот во 78-та минута, а потоа Винисиус Силва беше исклучен две минути потоа, за бројчано да останат исти на терен двата каталонски ривали.
За Барса ова е второ сезонско реми во 15 меча и има 38 бода колку и Реал Мадрид, додека Еспањол дојде до четврто реми во последните пет меча и вкупно седмо за 13 бода на 16-та позиција, бод над опасната зона.