Леброн Џејмс блеска иако е длабоко во ветеранските години. Тој ги предводеше Лејкерси до победа од 116-95 над Тандерс, откако ги загуби двата претходни натпревари против овој противник без него.

За 35 минути постигна дури 33 поени со многу добар процент од игра, 13/20, а уште подобар за тројка 4/6. Тој додаде пет скока, шест асистенции, три украдени топки и две блокади.

Фасцинира леснотијата со која Леброн се движи, се ослободува од противникот и прецизноста на негова возраст. Оваа ситуација е најдобар доказ за тоа. Погледнете го приемот, вртењето и забивањата со двајца противнички играчи на грб.

За тоа како во игра еден од најдобрите кошаркари на сите времиња говорат следните информации: Леброн оваа сезона одигра 15 натпревари. На речиси половина од нив постигна 30+ поени (7). Тој ќе наполни 37 години за помалку од три недели.