Неверојатен натпревар одигра лидерот на актуелниот НБА шампион Милвоки Бакс во победата од 123:114 над Хјустон Рокетс.

Џанис Антетокунмпо постигна 41 поен со фантастичен процент на реализација од поле 15/19, што дури беше за еден отсто подобар од слободните фрлања кои ги шутираше 10/14. Тој исто така беше неприкосновен под обрачите, собираќи 17 топки. Спектакуларниот меч го заокружи со пет асистенции, три украдени топки и две блокади.

НБА објави видео од најдобрите моменти од неверојатното шоу на Џанис и го нарече монструозно: