Актуелниот НБА-првак Голден стејт Вориорс триумфираше над Феникс санс со 123:112 во натпревар од НБА-лигата. Воините во првото полувреме го имаа неверојатниот Клеј Томпсон, кој едноставно беше незадржлив.
Томпсон за 18 минути во првите две четвртини успеа да постигне неверојатни 33 поени со шут од поле 12 погодени од 18 удари. Тој погоди осум тројки од 12 обиди. Во последниве 25 години во НБА, со 30+ поени и осум погодени тројки во првото полувреме бил само уште Дамијан Лилард.
Тимот со најдобар биланс сезонава во НБА, Милвоки бакс (49 победи и 19 порази) како гостин го победи Сакраменто со 133:124. Јанис Адетокумпо беше лидер во победничкиот тим со 46 поени и 12 скока. Одлични беа и Крис Мидлтон со 31 поен и Брук Лопес, кој постигна 23 поени.
Резултати: Детроит – Индијана 117:97, Атланта – Минесота 115:136, Далас – Мемфис 88:104, Мајами – Јута 119:115, Хјустон – Бостон 111:109, Голден стејт – Феникс 123:112, Сакраменто – Милвоки 124:133.