Шпанецот Карлос Алкарас на 132-риот натпревар ја постигна својата 100-та победа во професионалната тениска кариера и со тоа стана втор најбрз тенисер кој со најмалку одиграни мечеви стигнал до таква бројка.
Само Џон Мекинро својата стота победа ја имал побрзо, по 131 одигран АТП-меч, а Алкарас сега е втор на таа вечна листа. За споредба, на Рафаел Надал му требале 137 меча, на Новак Ѓоковиќ 143, а на Роџер Федерер 169 меча за да дојдат до победа број 100 во кариерата.
Алкараз доколку го освои Мастерсот во Индијан Велс, а за тоа му требаат уште четири победи од вечерва до недела, ќе се врати на првото место на АТП-листата.