Најдобриот хрватски тенисер Марин Чилиќ се пласираше во 3.коло на Грен слем турнирот Ролан Гарос со победата над Унгарецот Мартон Фускович со 4-6, 6-2, 6-4, 6-3 по три часа игра.
Чилиќ (АТП-23) го загуби првиот сет против Унгарецот, кој е 57. тенисер во светот, но во преостанатите три сета целосно го надигра противникот. На натпреварот, Марин имаше 12 асови и 55 проценти успешност на првиот сервис, реализира пет од 11 „брејк-топки“ и одбрани седум од девет на противникот.
Тоа беше нивни трет дуел и трета победа на Марин Чилиќ .
Чилиќ во 3. коло го чека подобриот од дуелот меѓу Белгиецот Симон и Американецот Џонсон.