Ѓоковиќ одигра совршено во првиот сет кој го доби со еден брејк, беше 6-3 за него, за водство од 1-0 во сетови.
Но, во текот на вториот сет српскиот тенисер имаше проблеми со коленото поради што побара медицинска помош. Циципас водеше со 4-0.
И покрај високата негатива, Ѓоковиќ успеа да се врати во игра, ги врати двата загубени гема, сетот се решаваше во тајбрејк кој Новак го доби со 7-3 и ја завери победата од 2-0 во сетови.
Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против Лоренцо Мусети кој направи изненадување откако со 2-0 во сетови го совлада актуелниот олимписки шампион, Александер Зверев.
Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Карлос Алкараз од Шпанија и Феликс Ожие-Алијасим од Канада.